Се огласи разрешениот командант на српските специјалци: Вучиќ ме смени зашто САЈ не беше под негова целосна контрола
Командантот на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ), Спасоје Вулевиќ, со прекар Вуле, потврди дека е разрешен од функцијата и дека се пензионира по сопствено барање, откако на тоа би приморан, јавува „Данас“.
Вулевиќ за агенцијата Бета изјави дека во четвртокот е донесена нова систематизација на работни места и дека веќе во петокот бил информиран дека повеќе на него не се смета да биде командант, бидејќи не е под контрола на Александар Вучиќ.
„По завршувањето на военото средно училиште и воената академија, поминав 33 години во САЈ. Почнав како обичен припадник на единицата, поминав низ сите линии на команда, а од 2005 година сум командант на единицата. Во петокот, на 5 септември, бев сменет и ми беше понудена позицијата советник на министерот. Ја одбив таа понуда и на мое барање се пензионирам“, рече Вулевиќ.
Тој изјави дека министерот Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ го информирале за смената.
„Во четвртокот беше донесена нова систематизација, а кога ќе биде донесена новата систематизација, мора да се донесат нови одлуки за сите членови на Полициската управа. Прво се носат одлуки за команданти и началници. Дачиќ и Васиљевиќ ме повикаа и ми рекоа дека не сметаат на мене бидејќи, како што рекоа, претседателот Вучиќ не сака да има вооружена формација која не е под негова апсолутна контрола и поради тоа јас повеќе не можам да бидам командант“, рече Вулевиќ.
Тој додаде дека Дачиќ му ја понудил позицијата советник на министерот.
„Размислував за тоа и решив да не ја прифатам таа понуда, решив да се пензионирам предвреме“, рече Вулевиќ, јави Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…