Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ – за десет дена трипати си го погазивте зборот

t

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката и актуелна пратеничка од СДСМ, меѓу другото, потсети на изјавите кои во предизборието ги даваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оти ДУИ повеќе не е фактор и треба да се игнорира
Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, преку објава на Фејсбук ја прозва ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното гласање на законските измени за реорганизација на министерствата кон кое, по средбата со претставници на партијата на Христијан Мицкоски, во последен момент се приклучија дел од пратениците на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.

„Каде сте ‘патриотчиња’? Каде сте, кај отидовте? За вас плаче… На власт се, не ги барајте! ДПМНЕ + ДУИ ❤️“,

пишува Петровска во објавата на Фејсбук.

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, Петровска, меѓу другото, потсети на изјавите кои во предизборието ги даваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оти ДУИ повеќе не е фактор и треба да се игнорира.

„На 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира. Денеска, како што можеше јавноста да види, воопшто не биле игнорирани, на средба со ВМРО-ДПМНЕ се договарале. На 24 април Мицкоски обвини дека СДСМ се пудлици во скутот на ДУИ. После денешната средба и коалиција прашањето е кој во чиј скут седи?“,

рече Петровска во синоќешното обраќање од собраниската говорница.

За само десет дена, им се обрати Петровска на ВМРО-ДПМНЕ, трипати си го погазивте зборот.

„Минатата недела гласавте за сè она што 2017 година критикувавте. Денешното однесување со закажувањето на седницата во 22:00 часот по итна постапка е уште едно погазување на се она што ВМРО-ДПМНЕ го говореше изминатите седум години. Се посипавте со пепел уште неседнати во Влада. Обинувавте за скратена постапка, а денеска молк, штама. Неважно е што се работи за системски закон, неважни се принципите за кои седум години зборувавте, неважна е експертката јавност, Деловникот. Третото посипување со пепел односно голтање на зборови е соопштението од ВМРО-ДПМНЕ објавено вчера за средба со ‘Европскиот фронт’“,додаде Петровска
https://www.facebook.com/slavijankapetrovska/videos/393144686398466/?ref=embed_video&t=0

<

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…