Петровска: Затворениците осомничени за убиството кај Мавровка избегале во време на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски и МВР да одговорат на неколку прашања!
Кога Мицковски зборува за политички глодари, треба да се потсети на неговите некрофилски изјави во минатото. А сега да потсетиме на фактите за осомничените за убиството кај Мавровка, вели поранешната министерка за обрана и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска.
– Убиството се случува на 20.08.2024 година, во сред бел ден, во центарот на Скопје. МВР соопштува дека еден осомничен е уапсен, се трага по вториот кој е во бегство. Имиња ниту пак иницијали нема.
Ова е крајно невообичаено затоа МВР секогаш соопштува имиња или барем иницијали на приведените.
Особено ако трага по опасен, вооружен криминалец, зарем не чувствуваа одговорност кон граѓаните да ги предупредат за лицето кое е вооружено и бега!?
На 21.08.2024, 24 часа по убиството при мој телевиски настап поставувам прашање: Зошто иницијалите на приведениот и оној по кој се трага се кријат?
Дали е тоа можеби затоа што двајцата се затвореници, кои се избегани од затвор и го сториле убиството?
Одговор од МВР нема.
После нов 24 часовен молк, и притисок од новинарите МВР срамежливо, но потврдно одговара на моето прашање.
Денес, Премиерот на хартија, зошто појма нема што му се случува во државата, на оваа тема вели: да, избегани се, ама во време на СДСМ.
Ајде вака Премиерче на хартија: на 28 јануари 2024 година, е избрана нова Влада, во која по предлог на ДПМНЕ, министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, партиски адвокат и претседател на комисијата за правни прашања на ДПМНЕ( патем и пишувач на партискиот статут на ДПМНЕ во кој името на државата е избришано)
Истиот тој, тогаш и сегашен министер за внатрешни работи потпишува повеќе од 100тина решенија за распоредување на полициски службеници, меѓу кои и раководни лица согласно неговите убедувања. Па така началникот на СВР Скопје, кој да потсетам е задолжен за редот, мирот и безбедноста во градот Скопје е негов избор, не на СДСМ.
Е сега, кога има бегство од затвор, на сила стапува МВР, тие распишуваат потерница и имаат законска обврска за пронаоѓање на бегалецот.
Кој е министер за внатрешни работи? Панче Тошковски. Кој го предалага него? Мицковски и ДПМНЕ. Што не ти е јасно тука?
Одиме на вториот бегалец. Тој бега во месец јули, кога Министер за внатрешни е Панче Тошковски, а директор на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Целата структура во МВР е променета по налог на Панче Тошковски.
Повеќе од 30 дена и овој затвореник е во бегство и МВР не го наоѓа.
Е сега имам нови прашања:
МВР знаеле уште од април, односно јули месец дека двајцата затвореници се во бегство. Но, истотака знаеле и за каков профил на криминалци станува збор. Имено, од нивните досиеа и претходни дела знаеле дека се опасни, секогаш вооружени, корисници на наркотични средства и често агресивни и насилни.
Знаејќи го ова, прашувам кои се оперативни активности биле превземени од денот на нивното бегство до кобниот ден на убиство на невин човек?
Колку пати биле поверени куќите и објектите за кои МВР од претходно имало оперативни сознанија дека тие ги користат. Дали биле применети посебно истражни мерки над нив и над членовите на нивните семејства?
И конечно, како способните началници на Панче и МВРО дозволија овие опасни криминалци во сред бел да дојдат во центарот на градот и да извршат убиство?
Колку за споредба, во време на СДСМ еден од овие затвореници беше успешно вратен во затвор, без во меѓувреме да стори убиство. – пишува Петровска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Затворениците осомничени за убиството кај Мавровка…
Кога Мицковски зборува за политички глодари, треба…
Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите…
Пратеничката од СДСМ и поранешната министерка за…
ЈСП Скопје пријави измама во МВР: Краделе…
ЈСП Скопје утврди лажна вест со која…
(Видео) МВР во потрага по третиот осомничен…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
Неофицијално: Убијците мислеле дека убиениот носи злато…
На паркингот пред трговски центар „Мавровка“ претпладнево…