Петровска: Македонија и Албанија ќе ја развиваат одбранбената соработка
Министерките за одбрана на Македонија и на Португалија, Славјанка Петровска и Хелена Кареирас денеска во Брисел на средба разговарале за потенцијалот за развој на одбранбената соработка, за што наскоро се очекува да биде потпишан и Договор за соработка во одбраната.
– Потпишувањето на првиот договор за соработка во одбраната помеѓу Македонија и Португалија кое го очекуваме наскоро, ќе ни биде нашиот патоказ како силно да ја развиеме сојузничката соработка помеѓу Македонија и Португалија, рекла министерката Петровска, соопштија од МО.
Петровска нагласила дека Македонија е активен сојузник во Алијансата и оти земјата е посветена на зацврстувањето на регионалната безбедност и стабилност, преку учеството во мисијата на НАТО на Косово, како и во мисијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина.
Македонија е целосно прилагодена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, истакнала Петровска, потенцирајќи дека е потребно евроинтегративниот пат на земјите од Западниот Балкан да биде ефикасен и брз.
Министерката Кареирас истакнала дека земјите со веќе усогласениот текст на Договорот за соработка го направија првиот чекор кон развојот на одбранбената соработка и оти таа соработка има голем потенцијал за развој во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со епицентар во Албанија беше почувствуван…
Земјотрес со интензитет од три степени по…
Рама: Целта на Албанија е членство во…
Премиерот на Албанија, Еди Рама оценил дека…
Албанија сѐ повеќе вложува во вооружување на…
Албанското министерство за одбрана се повеќе инвестира…
Турција е главен инвеститор во Албанија: За…
Турција остана прва на листата на странски…
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…