Петровска обвини за „тиранија“ на комисиската расправа за директорот на АНБ

t

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска на прес-конференција во Собранието истакна дека ВМРО-ДПМНЕ потврдила како Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Според неа, ова произлегува од денешната седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР.

-Бегаат од соочување со јавноста по ова прашање. Злоупотребувајќи го мнозинството, тие денес спречија одржување на седница и расправа по прашања чии одговори ги чека целата јавност. Тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски процес за владеење на правото. Казна е вакво парламентарно мнозинство да спроведува реформи во безбедносната служба, истакна Петровска.

Пратеничката смета дека е несфатливо во Комисија која треба да врши надзор, мнозинството да го има владиното мнозинство. Во координација со останатите партиски колеги од СДСМ, Петровска ќе иницира промена на Деловникот.

-Видовме дека целта не им беше да направиме надзорна посета, туку во прв план беше денешната седница и она што беше дискусија по информацијата. Можеби политички сега се среќни што успеаа да го поштедат директорот од прашањата кои имавме намера да ги поставиме, но Македонија денеска не е среќна бидејќи ова не враќа во едни времиња кога службите беа злоупотребувани и луѓе беа следени, додаде екс-министерката за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОВА Е РОБУС(Т)НО ОБВИНИТЕЛСТВО! Отфрлена кривичната пријава…

ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави за…

Скоро ќе има одлука за предметот за…

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски најави дека за…

(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…

Попладнево во полициска станица во Центар, на…

Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе…

Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за…

АНБ тестираше неколку вработени на полиграф

Агенцијата за национална безбедност спровела неколку полиграфски…