Петровска предлага ветинг на сите членови на раководството на СДСМ: „Ако не почнеме да се менуваме, ќе исчезнеме“
Пратеничката Славјанка Петровска посочила дека вчера на 31. Конгрес на СДСМ, не било лесно да се зборува по два тешки изборни порази, но дека, како што вели, тоа е обврска на секој социјалдемократ.
„Последниот изборен пораз е катастрофален, а воедно е и резултат на отсуството на дискусии за изборните порази во 2024 и 2021 година како и недоволната анализа на резултатот од 2020 година. Не смееме повторно да ја направиме истата грешка.
Социјалдемократијата е жива, но ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме“, посочила Петровска.
Пратеничката дала предлог за статутарна измена со која претседателите на општинските организации во СДСМ ќе се избираат непосредно од членството, а не да ги назначува претседателот на партијата.
-Со ова ја враќаме моќта на одлучување кај членовите. Критичката мисла мора да опстои. Порачав дека критичката мисла е суштинска одлика на социјалдемократијата. Но, за да ја расчистиме секоја дилема кој критикува и од кои побуди, предложив политички ветинг за сите сегашни и поранешни носители на функции и членовите на раководството, со цел да не ни се повторуваат непристојни јавни објави „едни против други“, стои во јавната објава на Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска предлага ветинг на сите членови на…
Пратеничката Славјанка Петровска посочила дека вчера на…
Филипче: СДСМ не е пазар за пазарење…
Денес ставаме точка на разединувањето, СДСМ не…
ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од…
„Венко Филипче во празниот говор за отчет…
Филипче: Ние сме лекот, ние сме гласот…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31.…
Филипче пред конгресот на СДСМ: Очекувам дебата,…
Опозицискиот СДСМ денеска во 11 часот ќе…