Филипче: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми, државотворноста ни тече низ венитe

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата одржа говор во кој СДСМ ја опиша како државотворна сила во македонското општество.

„Ние сме директни наследници на тие кои во 1944 година имаа храброст да кажат дека тука ќе има држава. Таа државотворност тече низ вените на секој еден од нас. Црвената боја на знамињата не е декор, туку потсетник да ја чуваме републиката тогаш кога другите сакаат да ја поделат, пљачкаат и изолираат. СДСМ е имунолошкиот одбранбен систем. Ние сме лекот, ние сме гласот што грми“, порача претседателот на партијата, нагласувајќи дека улогата на СДСМ не е само политичка, туку и историска и општествена. Кога ѝ се спуштал мрак на државата, СДСМ била факелот кој го покажувал патот“, рече Филипче.

Во завршниот дел од обраќањето, тој упати критика кон актуелната власт, оценувајќи дека состојбите во државата претставуваат „брутално отрезнување“ за граѓаните.

„Ова е собир за спас на македонското достоинство. Погледнете што се случува надвор. Што ни донесоа овие на власт – тоа е брутално отрезнување. Ни ветија гордост, а нѐ донесоа до питачки спас“, изјави Филипче, завршувајќи со порака дека СДСМ останува подготвена за, како што рече, борба за државата и за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…