Петровска: Се радувам на тужбата која ја најави Мицкоски
Славјанка Петровска, екс министерка за одбрана и сегашна пратеничка од редовите на СДСМ, одговори за најавената тужба на Христијан Мицкоски.
„Последните инциденти ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да ја води една од најважните институции, а тоа е МВР. Се случи грабеж во центарот на Скопје сред бел ден. Се случи пукање во Скопје, имавме престрелки. И кога секој еден, вклучувајќи и јас како пратеник, прстот ќе го впериме кон претседателот на Владата, тогаш тој не може да се затскрива емотивно зад неговото семејство и да се заканува со тужби. Фокусот е кон овие 2 милиони граѓани кои бараат да им се гарантира безбедноста. Никој после овие инциденти не може да каже дека се чувствуваме безбедност, а одговорноста е кај премиерот. Се радувам на тужбата која е најавена, и едвај чекам. Апсоултно имам аргументи и за се што говорам“, рече Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Претпладне сончево време, попладне дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала…
ДУИ: Скандалозно, Вреди ги нарекува албанските администратори…
Соопштение на ДУИ: Не поминува ден без…
Ѓуриќ: Курти сака да ја преземе контролата…
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко…
Петровска: Се радувам на тужбата која ја…
Славјанка Петровска, екс министерка за одбрана и…
Брнабиќ за Вучиќ: 300 години нема да…
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…