Петровска: Се радувам на тужбата која ја најави Мицкоски
Славјанка Петровска, екс министерка за одбрана и сегашна пратеничка од редовите на СДСМ, одговори за најавената тужба на Христијан Мицкоски.
„Последните инциденти ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да ја води една од најважните институции, а тоа е МВР. Се случи грабеж во центарот на Скопје сред бел ден. Се случи пукање во Скопје, имавме престрелки. И кога секој еден, вклучувајќи и јас како пратеник, прстот ќе го впериме кон претседателот на Владата, тогаш тој не може да се затскрива емотивно зад неговото семејство и да се заканува со тужби. Фокусот е кон овие 2 милиони граѓани кои бараат да им се гарантира безбедноста. Никој после овие инциденти не може да каже дека се чувствуваме безбедност, а одговорноста е кај премиерот. Се радувам на тужбата која е најавена, и едвај чекам. Апсоултно имам аргументи и за се што говорам“, рече Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…