Петровска со голема мисла: Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има
Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има. Извонредна средба во Љубљана со колегата, Марјан Шарец, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
– Ја потврдивме традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, сојузништвото во НАТО и реафирмиравме дека споделуваме иста визија за регионот – стабилност, мир и безбедност. Оваа година имаме голем број заеднички вежби, трензинзи и активности, а најзначајна е соработка во #НАТО мисијата за зајакнато истурено присуство во Латвија каде македонските мировници се дел од словенечкиот контингент, објави Петровска.
Таа упати благодарност за постојаната словенечка поддршка за евроинтегративниот пат на Македонија.
– Западниот Балкан мора да опстане на патот кон целосна демократизација и силна европеизација – пат кој е нераскинливо поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, напиша министерката за одбрана Петровска на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белград и Нови Сад утре ќе бидат…
Студентите во блокадата најавија целосна блокада на…
Брнабиќ: Немаше прекумерна употреба на сила против…
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија…
Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот…
Путин и Трамп разговараа околу еден час
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон…
(Видео) Мециновиќ: Овој „ребаланс“ е логистички центар…
Во своето обраќање на денешната комисиска расправа,…