Петров ги подбра пратениците на СДСМ: Срам ме изеде, ако планирате да ќутите поднесете си оставки!
Срам ме изеде што денеска никој од пратениците на СДСМ не изговорија ни збор за време на конститутивната седница на Собранието, вели во гостување во Тема на денот членот на СДСМ, Андреј Петров.
– Ќутолози не можат да седат во Собрание, доколку имаат намера да молчат јас ги повикувам да си поднесат оставка од пратеничките мандати. Опозицијата треба да е конструктивна, но не може да не се каже ниту збор, вели Петров.
Во врска со кандидатурата за претседател на СДСМ, смета дека хиперпродукцијата на кандидати е непродуктивна.
– Некои од тие што сакаат да се кандидираат не исполнуваат критериуми ниту претседатели на месна заедница да бидат. Претседател на СДСМ е фул тајм џоб, значи мора да е спремен секој да се посвети максимално на партијата. Претседател на партијата мора да биде некој кој сите го познаваат во СДСМ, има позадина и политичка и професионална, вели Петров.
Тој откри дека би гласал за еден од кандидатите кои досега искажаа амбиција за позицијата (Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Венко Филипче) но не открива за кој би гласал.
Тој упати апел пратениците на СДСМ да дејствуваат енергично во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…