Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

t

Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на се, само колку да биде против се што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев и како предавник, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче вели – прво Бугари во Устав, па се друго, додаде тој.

„Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство.

Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главно е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет?

Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор?

И додека талогот од СДС и Филипче и неговиот учител знаат само да продаваат се македонско за да им поминуваат бизнис интересите, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија во ЕУ, но не прифаќа ништо што се прави под диктат од официјална Софија. Затоа, и на поканата од креаторот на бугарското вето, Красимир Каракачанов, кон претседателот Христијан Мицкоски да присуствува во Софија на пречекот на моштите на Цар Самуил, одговорот е јасен – адресата е погрешна, поканата треба да оди на адреса на Заев и Филипче“, рече во изјавата Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…