Пецаков си доделил 15 милиони општински пари самиот на себе

Пецаков дал општински пари на клуб чиј основач е самиот тој?
Нов скандал ги тресе општините, овојпат Општина Охрид, каде градоначалникот Кирил Пецаков доделил општински средства на ракометен клуб на кој самиот е основач.
ГРК Охрид е ракометен клуб кој добил од Општина Охрид 15 милиони и 600 илјади денари. Ништо не би било спорно и би кажале дека ова е поддршка за спортот, меѓутоа градоначалникот Пецаков е основач на ракометниот клуб. Пецаков практично си дал пари сам на себе.

Сопственик на 100% односно 250 акции со номинална вредност од 100 евра на Друштво за спортски дејности Градски ракометен клуб Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136.

Овластено лице, согласно јавно достапните податоци е Ристо Китевски.
Неизвршни членови се новинарот Горан Момироски, Виктор Мизо (екс прв човек на Дирекцијата за технолошко индустриските и развојни зони ДТИРЗ), Наум Бабачев, Славчо Ристески (десна рака на градоначалникот Пецаков, вработен во ЈП Охридски комуналец и директор во ГРК Охрид.

Согласно податоците од службен гласник од пред две недели, Пецаков и Општина Охрид префрлуваат пари на ГРК Охрид по две ставки.
- 15 000 000денари директна поддршка (страна 58)
- 600 000денари за меморијален турнир “Крсте Андоновски-Усташ” (страна 62)


Согласно македонското законодавство, спортските клубови се непрофитни здруженија, се финансираат од членарина, донации и слично. Од тие средства можат да поделат плати за вработени и да ги финансираат нивните активности, но тоа не значи дека нема можност да се направат малверзации. На пример, двојно повисоки плати за директори, вработени, па испумпување на парите преку нив.
Како и да е, во случајов Пецаков дава средства на клуб во кој самиот е основач, а во кој неформални членови се неколкумина истакнати личности кои претходно ги споменавме.
Бројките и доказите се јасни и јавно достапни и секој може да ги провери податоците кои ги објавивме.
Обвинителството има чист случај да истражи дали градоначалникот Пецаков ја злоупотребил својата службена положба и овластување? Ќе одговара ли Пецаков согласно членот 353 од Кривичниот законик бидејќи доделил средства на клуб кој самиот го основал? Дали е ова судир на интереси? Простор за реакција има и Државната комисија за спречување на корупција.
Дополнително, како неизвршен член се споменува и новинарот Горан Момировски, па логично се поставува уште едно прашање.
Дали медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ се финансираат на ваков начин, преку нелегално испумпани пари од општините?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан во…
Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин…
Утре e ден на жалост во Охрид…
Советот на Општина Охрид на денешната вонредна…
Крвав инцидент синоќа во Охрид, тројца млади…
20-годишен жител на Охрид е уапсен откако…
Се претставувал како адвокат, иако функцијата му…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40)…
Голема акција на ОЈО во Тетово и…
Под раководство на јавен обвинител од Основното…