Пецаков си доделил 15 милиони општински пари самиот на себе

t

Пецаков дал општински пари на клуб чиј основач е самиот тој?

Нов скандал ги тресе општините, овојпат Општина Охрид, каде градоначалникот Кирил Пецаков доделил општински средства на ракометен клуб на кој самиот е основач.

ГРК Охрид е ракометен клуб кој добил од Општина Охрид 15 милиони и 600 илјади денари. Ништо не би било спорно и би кажале дека ова е поддршка за спортот, меѓутоа градоначалникот Пецаков е основач на ракометниот клуб. Пецаков практично си дал пари сам на себе.

Сопственик на 100% односно 250 акции со номинална вредност од 100 евра на Друштво за спортски дејности Градски ракометен клуб Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136.

Овластено лице, согласно јавно достапните податоци е Ристо Китевски.
Неизвршни членови се новинарот Горан Момироски, Виктор Мизо (екс прв човек на Дирекцијата за технолошко индустриските и развојни зони ДТИРЗ), Наум Бабачев, Славчо Ристески (десна рака на градоначалникот Пецаков, вработен во ЈП Охридски комуналец и директор во ГРК Охрид.

Согласно податоците од службен гласник од пред две недели, Пецаков и Општина Охрид префрлуваат пари на ГРК Охрид по две ставки.

  1. 15 000 000денари директна поддршка (страна 58)
  2. 600 000денари за меморијален турнир “Крсте Андоновски-Усташ” (страна 62)

Согласно македонското законодавство, спортските клубови се непрофитни здруженија, се финансираат од членарина, донации и слично. Од тие средства можат да поделат плати за вработени и да ги финансираат нивните активности, но тоа не значи дека нема можност да се направат малверзации. На пример, двојно повисоки плати за директори, вработени, па испумпување на парите преку нив.

Како и да е, во случајов Пецаков дава средства на клуб во кој самиот е основач, а во кој неформални членови се неколкумина истакнати личности кои претходно ги споменавме.

Бројките и доказите се јасни и јавно достапни и секој може да ги провери податоците кои ги објавивме.

Обвинителството има чист случај да истражи дали градоначалникот Пецаков ја злоупотребил својата службена положба и овластување? Ќе одговара ли Пецаков согласно членот 353 од Кривичниот законик бидејќи доделил средства на клуб кој самиот го основал? Дали е ова судир на интереси? Простор за реакција има и Државната комисија за спречување на корупција.

Дополнително, како неизвршен член се споменува и новинарот Горан Момировски, па логично се поставува уште едно прашање.

Дали медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ се финансираат на ваков начин, преку нелегално испумпани пари од општините?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…