Печалбарите платиле 3 милиони евра персоналец за 2020-та – Петрова: Граѓаните да си ги обезбедат доказите и за периодот од 2021- 2025

t

Околу 3 милиони евра платиле граѓаните на Управата за јавни приходи за персонален данок за приходи кои ги оствариле во странство во 2020 година. Управата испратила над 11.000 решенија на граѓани, од нив кај 6.600 бил утврден данок за плаќање. 2.200 сами си поднеле пресмета за одночување, а кај 4.400 пресметала УЈП. Оние кои доставиле доказ дека се оданочени во друга земја, но не им бил прифатен на шалтер од УЈП со образложение дека требало до крајот на годинава, директорката уверува ќе се пролонгира рокот и службениците ќе постапуваат.

„Имајќи во предвид дека граѓаните мора да се вратат назад и да обезбедат докази за пет години, за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји, значи ние ќе им овозможиме на граѓаните и дополнително да поднесат докази, значи еве во овој период, повикани се граѓаните јавно ги повикувам и сега, сите што имаат и што можат да ги обезбедат доказите да ги достават до сите даночни канцеларии на УЈП“, вели Петрова.

Станува збор за граѓани кои работеле на брод, во Авганистан, биле на печалба или примиле хонорари пред пет години од други земји, и станува збор за илајадници евра данок кој го бара УЈП да го платат веднаш.
Петрова ги повика граѓаните да си ги обезбедат доказите и да пријават данок за приходи остварени во странство и за периодот од 2021 до 2025 година, бидејќи откако завршиле со 2020 следуваат проверките и за другите години. Тврди во никој случај нема да има двојно оданочување.

„Граѓаните кои што го платиле данокот во странство и сега постапиле и платиле по даночните решенија секако дека ќе бидат земени во предвид сите докази, ќе се утврди согласно, нели доколку зависно од меѓународниот договор, доколку со земјата имаме склучено меѓународен договор, каде треба да се плати данокот, а каде треба да се изврши поврат, или доколку е возможно значи прифатениот данок платениот данок во странство да се прифати како даночен кредит, уплатата што е извршена овде, може да се изврши враќање или да се прифати за друг долг за следна година“, рече Петрова.

Граѓаните револтот го изразија пред УЈП во Куманово, но и на социјалните мрежи- со прашање зошто не биле известени на време. Станува збор за лица кои работеле најчесто на Блискиот Исток, при што надвор од Македонија поминувале повеќе од 183 дена годишно со што сметале дека не се даночни резиденти и немаат обврска да плаќаат персонален данок во Македонија. Дел изјавија дека добиле и усни потврди од службеници во УЈП дека не подлежат на оданочување. А дополнителен проблем е што не можат да го докажат престојот во странство, бидејќи Министерството за внатрешни работи не им издава потврди оти податоците не се чуваат подолго од пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Печалбарите платиле 3 милиони евра персоналец за…

Околу 3 милиони евра платиле граѓаните на…

Од Македонија има ДВОЈНО повеќе летови ОД…

Христијан, Христијан, дај не се глупирај човече…

Николас Мадуро седна на обвинителна клупа, обвинет…

Судењето на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро…

Трамп упати остри закани кон пет држави…

По апсењето на венецуеланскиот претседател Николас Мадуро…

Данска: Напад на НАТО сојузник од САД…

Данската премиерка Метe Фредериксен предупреди дека каков…