Од Македонија има ДВОЈНО повеќе летови ОД отколку КОН Македонија: Он бил на аеродром и видел од тие големите А321 Нео – Христијан земи соодветна терапија
Христијан, Христијан, дај не се глупирај човече Божји со вакви ноторни лажги.
Он бил на аеродром и видел големи авиони од тие големите А321 Нео, и некој му реко “абе тоа се наши се враќаат масовно, засекогаш”.
( https://www.facebook.com/share/r/17dE8dXPgR/?mibextid=wwXIfr )
Ама не е ни за заебанција веќе. Ова е загрижувачка психопатолошка состојба која има и соодветна терапија.
Шефе, “Визер” на 15. Ноември 2025 започнаа со целосна промена на флотата авиони од А320 во А320Нео, А321Нео и А321XLR. Процесот на обнова е планиран да заврши до крајот на 2029 односно 2033 година.
Инаку, според податоците на Европските агенции за авиотранспорт, од Македонија има ДВОЈНО повеќе летови ОД отколку КОН Македонија.
Или, на секои 100 што доаѓаат на одмор, 200 луѓе заминуваат откако ќе им заврши одморот во Македонија. Што би рекло, процентот на карти во еден правец до Македонија од светските дестинации е еднаков на 1%.
Вчерашниот лет за Франкфурт, повторно, според официјални податоци на Европските агенции има 189 патници што дошле во Скопје и си одат за пет дена, а од Македонија полетале кон Франкфурт 230 (авионот има капацитет од 240).
Зошто лажеш човече Божји? Какви се овие глупости?
Големи авиони видел и коа прашал, шо да слушне, наши се враќале. Хахахаха.
Еве прееска на пример, кај 16.00часот бев на аеродром на испраќање. Од четворица кои ме застанаа да се сликаме (имаат слики, ќе ги објават) четворицата си одеа со семејствата за Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…