Пијана Хрватка го претепала сопругот во Кавадарци!
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.
Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијана Хрватка го претепала сопругот во Кавадарци!
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против…
Работник тешко повреден на работно место во…
На 22.01.2026 во 10:50 часот во ОВР…
Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот…
Хрватска ги отфрли обвинувањата на Вучиќ за…
Хрватска ги отфрли обвинувањата од српскиот претседател…
Кавадарчани краделе клупа поставена од општината, полицијата…
Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од…