Кавадарчани краделе клупа поставена од општината, полицијата ги фати на дело

t

Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци.

Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа.

Тие се приведени во полициска станица,  одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре нема плаќање во готовина во…

Од утре патниците во градскиот и приградскиот…

Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…

Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…

Во Општата болница во Кавадарци во еден…

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…