Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била легално евтаназирана – Лажна е веста дека некој се обидел да ја сокрие смртта

t

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не угинала, туку била легално евтаназирана, поради старост, дознава Плусинфо од добро информирани извори.

Не е вистина дека било што било сторено во тајност, наводно со цел да се прикрие смртта на Дуња, како што објавија некои медиуми.

Дуња била донесена од Белгија на чување во Зоолошката градина во поодмината возраст. Тоа е вообичаена практика кај нас, бидејќи скопската Зоолошка градина нема пари да купува животни, а ниту да тргува.

Тројца белгиски ветеринари, заедно со локални експерти, во Скопје ја прегледале Дуња и одлучиле дека животното треба да се евтаназира.

Постапката била завршена вчера. Телото на слоницата било дадено на обдукција, а потоа било однесено на депонијата Дрисла, како што наложуваат прописите.

Инаку, азиската слоница Дуња била најголема од нејзиниот вид во Европа. Дуња била родена во 1969 година, што значи дека имала 55 години. Азиските слонови во просек живеат до 48 години.

Дуња имала тежок живот. Од бебе била грабната од дивина и однесена во циркус. За среќа, ЕУ ги банира циркусите со животни. Дуња биклаи на рехабилитација Белгија.

Во 2018 година, „пензионерката“ Дуња е подарена на скопската Зоолошка градина, каде што живее во големи живеалишта, направени според стандардите на познатите спасувачки центри. Тука добива целодневна грижа од зоонегувателите обучени во Белгија и во Холандија.

Но, староста си го стори своето…

Наскоро од скопската Зоолошка градина се очекува информација во врска со судбината на слоницата Дуња.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била…

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не…

Леопард касна девојче во зоолошка, сакала да…

Леопард каснал девојче во зоолошката градина во…