Победа на Трамп: Врховниот суд на САД пресуди дека тој може да учествува на изборите во Колорадо
Врховниот суд на САД пресуди во корист на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, дозволувајќи му да остане на гласачкото ливче и ја поништи одлуката на државата Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговата наводна вмешаност во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Судиите на Врховниот суд ја соопштија одлуката еден ден пред утрешниот „супер вторник“, кога гласачите во околу 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори, пишува Вашингтон пост. На крајот на минатата година, властите во Колорадо донесоа одлука со која го прогласија Трамп неподобен за функцијата претседател на САД. Трамп: Голема и важна победа за Америка Трамп рече дека одлуката на Врховниот суд на САД, која му овозможи да остане на гласачкото ливче во Колорадо, е голема победа за Америка. „Ова е голема победа за Америка. Многу, многу важна. Подеднакво важна за нашата земја ќе биде и одлуката што наскоро ќе ја донесе Врховниот суд за имунитетот на претседателот – без која функцијата на претседателот би станала само церемонијална, што е далеку од она што основачите го сакаа, рече Трамп во изјава за Фокс њуз.
Тој додаде дека ниту еден претседател не може да функционира правилно и ефикасно без „тотален имунитет“. „Нашата земја би била изложена на голем ризик“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…