Објавено на:

Победникот на вечерашното европско првенство ќе добие 28,25 милиони евра

t

Шпанската фудбалска репрезентација вечерва има можност да го освои четвртиот трофеј европски првак, а доколку ја совлада Англија во Берлин, секој член на селекцијата, покрај титулата и медалите, ќе добиe и значителен бонус од УЕФА и нивната асоцијација.

Имено, во пресрет на турнирот во Германија, европската куќа на фудбалот објави дека победникот на Европското првенство ќе добие бонус од 28,25 милиони евра. А бидејќи во Шпанија веќе се договорија како ќе се распределат парите, односно потенцијалниот бонус, секој од 26-те играчи ќе добие сосема солидна сума за златниот медал.

Од вкупната сума, 30% ќе добијат играчите, што значи дека секој од нив ќе инкасира по околу 400.000 евра, додека меѓу тамошните медиуми се споменува дека ФА ќе одвои дополнителен бонус за нејзините фудбалери. Колку точно сè уште не е познато…

Што се однесува до Англичаните, тие засега немаат соопштено ништо за оваа работа, додека според островските медиуми се споменува дека репрезентацијата ќе добие бонус од десет милиони фунти, без разлика што ќе направи во финалето .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во голема акција против трговија со дрога…

Шпанската полиција уапсила 31 лице во голема…

Шпанија ја скратува работната недела!

Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…

„Гардијан“: Општините во Англија можат да воведат…

Општините во Англија сега имаат право да…

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија…

Шпанските власти соопштија дека бројот на жртвите…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…