Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија во целата земја
Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија што го зафати целиот Пиринејски Полуостров.
Министерството додаде дека вонредната состојба ќе биде воведена во сите региони на земјата што го побарале тоа. Мадрид, Андалузија и Екстремадура досега побараа од централната влада да ја преземе контролата врз јавниот ред и други функции.
Шпанското Министерство за внатрешни работи, исто така, ќе распореди 30.000 полицајци за да ја зајакне безбедноста низ целата земја.
Во меѓувреме, Службата за аеродроми и воздушна навигација на Португалија соопшти дека не очекува полетувања од Лисабон до 22 часот по локално време поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија. Аеродромите во Порто и Фаро продолжуваат да работат со ограничен режим.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…