Објавено на:

Повеќегодишно дрво машински пресадено од Аеродром во Градскиот парк

t

Пресадување на повеќегодишно дрво од типот платан, од улицата Васко Карангелески во општина Аеродром на избрана локација во Градскиот парк беше извршено денеска од страна на екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Пресадувањето било извршено со специјалната машина за пресадување дрвја, во сопственост на „Паркови и зеленило“.

„Со пресадувањето на едно дрво од улицата од Васко Карангелевски во општина Аеродром се ослободува трасата и се овозможува продолжување на градежните активности за нејзиното проширување и изградба, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада“, информираат градските власти.

Од таму потсетуваат дека претходниот проект за реконструкција предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица, а со направените измени во проектот се зачувува зеленилото и дополнително ќе се засадат нови дрвја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митески да одговори каде се ветените нови…

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…

Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Нула нови градинки за 4 години во…

Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…

НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…

Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…