Повеќе од 12 часа делови од Скопје сѐ уште се без струја
Повеќе од 12 часа делови од Скопје, особено делови од Ново Лисиче сѐ без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. Засега нема официјална информација кога домаќинствата ќе добијат струја.
Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Екипи на Општина Аеродром вчеравечер работеа на остранување на паднатите дрвја и другите штети што попладнето ги нанесе големото невреме, проследено со обилен дожд, град и силен ветер.
Претходно, Електродистрибуција соопшти дека екипите се излезени на терен и работат на решавање на проблемот. По оваа реакција на екипите, делови од Аеродром добија електрична енергија, но не и Ново Лисиче.
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…