Повредените деца од српскиот автобус во Бугарија се стабилни но во тешка состојба
Потешко повредените деца од сообраќајната несреќа на српскиот автобус на автопатот Тракија остануваат на интензивна нега во Софија.
Ноќта ја поминаа релативно мирно, изјави директорот на „Пирогов“ д-р Валентин Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, денеска треба да се извршат високоспецијализирани прегледи на едното дете од Србија заради прецизирање и поставување конечна дијагноза.
На другото дете му претстои голема операција, со цел да се стабилизираат скршениците на карлицата. Двете повредени деца од Србија се на Одделот „Детска реанимација“ во болницата во Софија. – Нема директна опасност по животот, но тие се во тешка ситуација, времето е прекратко за да имаме некоја поголема промена, рече Димитров.
Директорот на болницата „Пирогов“ вчера се сретна со роднините на повредените деца и со привремената управителка на амбасадата на Србија во Бугарија, Славица Паниќ, за да ги информира за преземеното лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…