Повторно инцидент во албанското Собрание: Рама спаси глава од бесот на демократите
Вчерашната седницата на албанското Собрание траеше само 15 минути, поради протестите и викањето на опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата, пишува Albanian Daily News.
Премиерот Еди Рама, кој беше присутен на седницата, не можеше да зборува, а демократите се обидоа да дојдат до него, но беа спречени од обезбедувањето.
Претседателката на Собранието Линдита Никола ја обвини опозицијата дека гледа само на сопствените, а не на народот.
Албанскиот парламент пред една недела исфрли неколку демократски пратеници, но дел од нив успеаја да влезат во собранието.
Демонстрантите се собраа и пред зградата на парламентот и се судрија со полицијата.
Инцидентите во Парламентот на Албанија веќе извесно време се повторуваат, а за време на нив пратениците од опозицијата палеле факели и фрлале столчиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…