Повторно пожар во липковско Ваксинце

t

Повторно избувнал пожар во липковското село Ваксинце, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на АД  Макпетрол, соопшти Ангелов.

Тој кажа дека на ова место било интервенирано и пред десет дена и екипите на кумановската противпожарна единица не дозволиле да се прошири.

-И  во раните утрински часови повторно таму каде што беше пресечен претходно со гаснење повторно беше запален, брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманиво дејствувано и изгасено до 12:00 часот. За чудо во 18.30 часот по трет пат запалено и во овој момент правецот на пожарот се движи кон Складот за течно гориво Врело на Макпетрол.. Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во село Ваксинце и храбро се борат за да спречат загрозување на објекти, живот и здравје на граѓаните на село Ваксинце, вели Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…

Доцна вечерва избувна пожар во близина на…

18-годишник од Липково прегазил девојка, па избегал

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…