Објавено на:

Повторно уништен мурал посветен на Новак Ѓоковиќ во Косово

t

Муралот во Ораѓовац, посветен на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, бил уништен во текот на ноќта, пренесува сајтот на Радио Гораждевац.

Ѓоковиќ по вчерашната победа во првото коло на Ролан Гарос напиша порака на камерата; „Косово е срцето на Србија – престанете со насилството“.

Жителите на горниот дел на Ораѓовац во Косово утринава околу 6 часот го пронашле уништениот мурал и сега го чекаат пристигнувањето на полицијата.

Сликањето на муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораѓовац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го спроведува организацијата „Амици ди Дечани“, во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година сликаше мурали по желба на места со српско население на Косово и во договор со домаќините, пренесува Танјуг.

Муралот на Ѓоковиќ, кој беше насликан на српска куќа спроти црквата во Ораѓовац, исто така беше уништен на почетокот на февруари, кога беше обоен со бела боја.

Тој мурал е насликан во март 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…