Погребот на Елизабета Втора чинел 204 милиони долари!?
Британската влада потроши 161,7 милиони фунти (204 милиони американски долари) за државниот погреб на кралицата Елизабета, објави денеска Министерството за финансии на Обединетото Кралство.
Откако кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст, земјата прогласи 10 дневна жалост, која заврши со погребот на 19 септември.
Околу 250.000 луѓе дојдоа во Вестминстерската сала, каде беше изложен ковчегот, за да и оддадат почит на најдолговечната кралица.
„Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветно достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните да биде загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.
Најголем дел од парите, 73,7 милиони фунти, доби МВР, надлежно за одржување на редот и националната безбедност.
Полицијата на Сити Лондон на улиците распореди досега најголем број полицајци, соопштувајќи дека станува збор за нивната најголема безбедносна операција во историјата.
На погребот се собраа бројни светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…
Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…
Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…
Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…