Подгответе се за подолго чекање на автобус – ЈСП најави отстапувања од возниот ред

t

Скопјани кои користат јавен превоз денеска и утре треба да бидат подготвени дека можеби ќе треба подолго да чекаат автобус, затоа што од ЈСП Скопје најавуваат дека можно е отстапување од возниот ред. Па така доколку досега, со превозот таков каков што е, граѓаните чекале автобус по 15-тина минути, сега нека се „наоружаат“ со повеќе трпение.

Причината за можните отстапувања е прекинот на испорака на природен гас, иако, како што е познато, најголемиот број автобуси од градскиот превоз возат на нафта.

Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени. Благодариме на разбирањето – ги информира денеска ЈСП „Скопје“ граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопјани се жртви на политички игри,…

Скопјани 4 години секој ден живеат во…

СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП…

Скопје е во тотален хаос и нефункционалност…

Скопје колабираше: Автобуските полни, граѓаните револтирани –…

Делови од Скопје денеска останаа без јавен…

Нови 386 ИЛЈАДИ ЕВРА за другарите на…

Државната лотарија на Република Македонија склучи договор…

ВИДЕО | Се запали уште еден автобус…

Автобус на ЈСП вечерва се запалил во…