ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦЕНА НА НАФТАТА ОД 200 ДОЛАРИ: Трамповата администрација го анализира и ова сценарио
Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, ги анализираат можните последици од ненадејниот пораст на цените на нафтата, вклучувајќи сценарио во кое цената би можела да достигне 200 долари за барел.
Според извори запознаени со ова прашање кои ги контактирал Блумберг, анализите се дел од редовните проценки за време на кризни ситуации и не се наменети за предвидување на идните трендови на пазарот. Целта е администрацијата да биде подготвена за различни сценарија, вклучително и можноста за продолжен конфликт.
Изворите наведуваат дека дури и пред почетокот на војната, американскиот секретар за финансии Скот Бесант изразил загриженост дека конфликтот би можел да доведе до зголемување на цените на нафтата и негативно да влијае на економскиот раст.
Високи финансиски претставници наводно со недели ја предупредуваат Белата куќа за осцилациите во цените на нафтата и бензинот.
Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, ги отфрли обвинувањата дека администрацијата разгледува сценарио од 200 долари за барел, истакнувајќи дека владата редовно оценува различни сценарија за цени, но дека секретарот за финансии не бил загрижен за „краткорочни нарушувања“ на енергетскиот пазар.
Од почетокот на конфликтот, цените на нафтата значително се зголемија. Американската цена на нафтата „WTI“ порасна за околу 30% на приближно 91 долар за барел, додека „Brent crude“ скокна за речиси 40% и се тргува на околу 102 долари.
Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, претходно процени дека сценариото во кое цената на нафтата ќе достигне 200 долари за барел е „малку веројатно“.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека дури и пониските цени би можеле да имаат значително влијание врз економијата.
Според Блумберг, цена од околу 170 долари за барел за неколку месеци би можела да ја зголеми инфлацијата во САД и Европа и да го забави економскиот раст.
Еден од клучните ризици е потенцијалното нарушување на испораките преку Ормускиот теснец, низ кој минува приближно една петтина од глобалниот извоз на нафта и гас.
Во САД, малопродажните цени на бензинот веќе се зголемија за околу 30%, додека претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, истакнува дека сè уште е прерано да се процени целосното влијание на зголемувањето на цените на енергијата врз американската економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦЕНА НА НАФТАТА ОД…
Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп,…
Снежен хаос во Хрватска: Затрупани автопати и…
Силен снежен бран и интензивни ветрови ја…
„Тајмс оф Израел“: Убиен е човекот одговорен…
Израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјавил…
Каматните стапки ќе растат доколку инфлацијата отстапи…
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард,…
Турски танкер полн со нафта погоден од…
Турски танкер со товар од сурова нафта…