Објавено на:

Турски танкер полн со нафта погоден од дрон во Црното Море во близина на Истанбул

t

Турски танкер со товар од сурова нафта бил цел на напад со дрон во Црното Море, недалеку од Истанбул, објави телевизијата NTV. Според тие наводи, нападот на танкерот M/T Altura се случил на 15 наутички милји од Босфорот.

Податоците за следење на бродови покажуваат дека станува збор за танкер од класата Suezmax, кој превезува околу еден милион барели руска нафта од типот Urals од Новоросијск.

Altura е под санкции на Обединетото Кралство и Европската унија, но не и на Соединетите Американски Држави.

Турскиот поморски портал HaberDenizde објави дека дошло до експлозија на командниот мост на танкерот, како и дека вода навлегла и во машинското одделение. Засега нема извештаи за загинати или повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата падна под 108 долари…

Цената на Брент се спушти под 108…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…