Објавено на:

Поддршка за одбојкарите: Македонија вечерва игра за пласман на Европско првенство

t

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20:00 часот) во спортскиот центар „Борис Трајковски“ го игра најважниот меч во квалификациите за пласман на Европското првенство. Противник е селекцијата на Грузија, а единствената комбинација што ја води Македонија на континенталниот собир е победа со максимални 3-0 во сетови.

Нашите одбојкари целат кон четврто последователно учество на Европско првенство, но патот до таму не е едноставен. За да бидеме меѓу петте најдобри второпласирани селекции од вкупно седум групи, мора да го добиеме вечерашниот натпревар без загубен сет.

Во случај на триумф од 3-0, Македонија ќе се израмни со Австрија според сет количникот (7-6), па пресудни ќе бидат поените. Поен-разликата на Австрија е +14 (285-271), додека Македонија има +8 (219-211), што значи дека ни треба победа со вкупна разлика од најмалку седум поени по сите три сета. Тоа е реална и остварлива цел, доколку одиграме сигурно и доминантно.

Теоретски шанси за пласман има и Норвешка, но нивниот поен-количник е далеку послаб, па само чудо би ги испратило на Европското првенство.

Ќе потсетиме, влезот во салата вечерва ќе биде бесплатен со цел нашите одбојкари да имаат што е можно поголема поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поддршка за одбојкарите: Македонија вечерва игра за…

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20:00 часот) во…

САД ѝ нудат на Украина заштита слична…

Американскиот претставник Стив Виткоф во интервју за…

Фон дер Лајен и Зеленски со ист…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Вучиќ: Нема да воведеме вонредна состојба, но…

Србија не размислува да воведе вонредна состојба…