Поднесен Обвинителен предлог за узурпација на земјиштето кај Поликлиниката “Бит Пазар”
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело „узурпација на недвижности“ согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го упортребат за изградба на паркинг, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Првообвинетиот, како што се вели во соопштението, ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, додека за второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО…
Четиримесечно бебе од струшко без знаци на…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…
По информациите во јавноста дека на Институтот…
„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…
В.д директорт на Управата за извршување на…
ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…
Волкот го менува влакното, но не и…