Подољак: Ирански дронови секоја вечер ја напаѓаат Украина
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека речиси секоја вечер ирански дронови ги напаѓаат украинските градови и дека Украина постојано повикува претставници на ОН да ги истражат соборените ирански беспилотни летала.
„Речиси секоја вечер иранските беспилотни летала Шахед ги напаѓаат украинските градови и ги одземаат животите на обичните луѓе. Во исто време, Русија цинично се обидува да го заштити Техеран во Обединетите нации, тврдејќи дека украинските приказни за иранските дронови се лажни. И сите климаат со главата, продолжувајќи да ги слушаат ‘аргументите’ на земјата агресор. Циркус на тркала“, напиша на Твитер советникот на Зеленски.
Тој додаде дека Украина повеќе пати повикала претставници на Секретаријатот на ОН да ги испитаат соборените ирански дронови, бидејќи, како што наведе, таквото испитување „ќе ни овозможи да ги наречеме работите со нивните вистински имиња“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…