Пожари во неколку села во Македонија, ЦУК информира каде горат шуми, ниви и стрништа

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево пожари имало во атарите на велешкото село Бисрица, во атарот на прилепските села Бонче и Дрен, како и над тетовското село Боговиње. Горат ниви и стрништа, а во селата Бонче и Дрен има шумски пожар.

РЦУК Велес известува за пожар во атар на село Бисрица, место викано Бистрички осој. Од страна РЦУК – Велес се известени противпожарните единици Велес и Шумско стопанство Бабуна Велес. Горат претежно ниви, стрништа и ливади. Екипа од Шумско стопанство Бабуна Велес е на терен и го контролираат пожарот.

РЦУК – Битола известува дека има два активни пожари. Од 08:42 часот има шумски пожар во село Бонче, општина Прилеп. Интервенираат тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Од 09:35 часот има шумски пожар во село Дрен, кај манастирот „Свети Илија“ општина Прилеп. Интервенираат тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

За двата пожари е известена ЈП „Липа“ и состојбата се следи.

РЦУК – Тетово, известува за пожар над село Боговиње (Општина Боговине). За пожарот известени се противпожарната единица во Тетово, Национален парк Шар-Планина, ДЗС Тетово и Градоначалникот на Општина Боговине. На терен се екипи од противпожарната единица од Тетово и Националниот парк. И тука, како што се посочува, состојбата се следи.

Како што се наведува во соопштението, РЦУК – Скопје, известува дека шумскиот пожар кој беше активен од вчера во местото викано Салиева Ливада помеѓу Држилово и Елово е локализиран во раните утрински часови.

Пожарот кој беше активен во текот на вчерашниот ден кај село Добридол во текот на ноќта се самоизгаснал. Пожарот кај Митрови Крсти е локализиран од страна на вработените во Шар-Гостивар. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Мнозинството Американци се против војна со Иран

Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…

Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и…

Привремениот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, попладнево…

Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…