Пожарот кај Богданци сѐ уште не е ставен под контрола
Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци утрово од шест часот продолжија да го гаснат пожарот кај Богданци. Пожарот што избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдов камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола.
Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат шеесетина лица.
Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникарите се обидуваат да го заобиколат пожарот.
-Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот се уште не е ставен под контрола. Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од ДЗС, Национални Шуми и јавното комунално претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат. На терен се вкупно околу 65 лица како и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.
Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат 3 Ер Трактори на ДЗС како и два хеликоптери на МВР, информираше утрово Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…
Вчера имало 41 пожар: Уште гори на…
ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…
Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…
(Видео) Активни се осум пожари, огнот сѐ…
Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се…