Пожарот на мостот „Беласица“ бил намерно предизвикан, Обвинителството отвори предмет

t

Пожарот на мостот „Беласица“ бил подметнат, дознава Инфомакс, а обвинителството отворило предмет против непознато лице поради предизвикување на општа опасност.

Според информациите на Инфомакс, по извршениот увид од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР на опожарениот дел од мостот, констатирано е дека непознато лице запалило текстил и дрво во просторија на мостот наречена „просторија за компензација на топловод“, користејќи и согорлив материјал.

На местото на настанот пронајдени се и запалки како и отпушоци од цигари за кој се претпоставува дека се од сторителот на кривичното дело.

Обвинителството од Скопје, по добиените резултати од увидот на МВР отворило предмет во кој се гони непознато лице за сторено кривично дело чл.288 „Предизвикување општа опасност“, а прибрани се и матеирјални докази како и снимки од камерите поставени на крстосниците во близна на мостот, кои се вештачат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара нуркач за да ја провери…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се санира оштетениот мост на магистралата А3…

Паралелно, во Делчево се работи и на…

(Видео) Полицијата спречила трагедија: Неколку минути пред…

Сообраќајната полиција кај Чачак спречи трагедија, запирајќи…

(Видео) Гаревски: Мислам дека нема простор за…

Мислам дека нема простор за паника, но…

Пожарот на мостот „Беласица“ бил намерно предизвикан,…

Пожарот на мостот „Беласица“ бил подметнат, дознава…