Објавено на:

Пожар во католичка црква во Нови Сад – нема повредени, само материјална штета

t

Пожар избувна утрово на страничниот влез во католичката црква „Име на Марија“ во центарот на Нови Сад, кој пожарникарите успеаја брзо да го изгаснат и, според првичните информации, нема повредени.

Како што објавија локалните медиуми, пожарот бил „подметнат“, а материјална штета е направена на страничната врата од катедралата.

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, денеска остро го осуди инцидентот, оценувајќи го како насилство и вандализам.
„Нови Сад е град на толеранција, меѓусебно почитување и целосна слобода на вероисповед. Секоја закана за верските објекти и правата на верниците е директен напад врз соживотот и безбедноста на сите наши сограѓани.“

Свештеникот во таа црква Атила Желер во изјава за локални медиуми рече дека засега не ја знаат причината за инцидентот и чекаат официјално полициско соопштение.

„Претпоставуваме дека во раните часови, пожар бил подметнат на страничната врата на влезот во црквата. Не ја знаеме причината зошто е подметнат. Жално е што тоа се случило на Божик. Фала му на Бога, освен материјалната штета, нема поголеми штети и пожарот не стигнал до внатрешноста на црквата“, изјави Желер.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во католичка црква во Нови Сад…

Пожар избувна утрово на страничниот влез во…

Трамп: САД планираат да ја контролираат Венецуела…

САД планираат да ја контролираат Венецуела најмалку…

Трамп го кани претседателот на Колумбија во…

Откако ѝ се закани на Колумбија со…

САД се повлекуваат од над 60 меѓународни…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда…

САД се обидуваат да запленат танкер со…

САД се обидуваат да запленат нафтен танкер…