Објавено на:

САД се повлекуваат од над 60 меѓународни организации

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на Соединетите Американски Држави за 66 организации, агенции и комисии. Со наредбата, Трамп ја задолжи својата администрација целосно да го преиспита учеството и финансирањето на сите меѓународни организации, вклучително и оние поврзани со Обединетите нации, соопшти Белата куќа на социјалните мрежи.

САД ќе се повлечат од Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA), како и од рамковниот договор на ОН за климатски промени (UNFCCC), кој претставува основа на Парискиот климатски договор од 2015 година.

Најголем дел од засегнатите тела се агенции, комисии и советодавни панели поврзани со ОН, кои се фокусираат на климатски, работнички и други прашања. Администрацијата на Трамп ги категоризира овие активности како иницијативи за различност и подигање на свеста за дискриминација, според делумен список до кој дојде Асошиејтед прес.

„Администрацијата на Трамп утврди дека овие институции се преобемни, лошо управувани, непотребни, расипнички или заробени од интереси кои промовираат агенди спротивни на нашите, или пак претставуваат закана за суверенитетот, слободите и општиот просперитет на нашата нација“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Одлуката доаѓа во период кога администрацијата на Трамп презема или најавува агресивни надворешнополитички потези, кои предизвикаа загриженост кај сојузниците и противниците. Меѓу нив се воените притисоци врз Венецуела и автократскиот лидер Николас Мадуро, како и навестувањата за можни планови за преземање на Гренланд од Данска.

Претходно, администрацијата на Трамп веќе ја суспендираше поддршката за Светската здравствена организација (СЗО), Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), Советот за човекови права на ОН и културната агенција УНЕСКО. Со тоа, Вашингтон усвои поширок „à la carte“ пристап кон финансирањето на ОН, избирајќи кои агенции и активности ги смета за усогласени со политичката агенда на Трамп, а кои повеќе не ги гледа како дел од националниот интерес на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…