Пожар во скопско Драчево, биле запалени дрвја, ѓубре и гуми

Вечерва во 20:30 часот е пријавен пожар на улица Партизански Пат во скопската населба Драчево, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стјанче Ангелов. Од страна на Противпожарната бригада од Скопје пожарот за кратко е целосно изгаснат.
„Преку Секторот за операции и координација веднаш е известена полициската станица Драчево и БППЗ на Град Скопје. При увид на лице место од страна на полицајци утвредено е дека се запалени стари дрвја, ѓубре и гуми во близина на гаража и механичарски салон, па поради тоа е забележано поголемо количество на чад. Во моментот кога полицијата стигнала на местото на настанот пожарот веќе бил при крај и БППЗ на Град Скопје имала мала интервенција. Пожарот е изгаснат“, информираше Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тошковски за година дена не успеа…
Веднаш по доаѓањето на функцијата технички министер…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…
Одземени 479 градежни лиценци, објавен списокот со…
Владата информира дека Министерството за транспорт во…
Истрага за обидот за убиство на вработена…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…