Пожар во станбена зграда во Софија, една жена почина, а пет лица се повредени

t

Жена на возраст од 45 години го загуби животот, а уште пет лица (меѓу кои и три деца) се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во центарот на Софија, соопшти Министерство за внатрешни работи на Бугарија.

Според официјалните информации, пожарот избувнал во текот на ноќта, а првичните наоди на истрагата укажуваат дека бил предизвикан од маж со ментални нарушувања. Информацијата ја пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Од Службата за итна медицинска помош информираат дека во пожарот биле повредени деветгодишно момче и две девојчиња на возраст од две и 11 години. Тие се хоспитализирани поради вдишување чад, а нивната здравствена состојба е под медицински надзор.

Покрај децата, во Воено-медицинската академија биле примени и маж на 41 година и жена на 71 година, исто така со симптоми на интоксикација од чад.

Лицето за кое постои сомнение дека го подметнало пожарот е приведено, а надлежните служби најавија дека најверојатно ќе биде сместено во психијатриска установа.

Истрагата за околностите под кои настанал пожарот продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во станбена зграда во Софија, една…

Жена на возраст од 45 години го…

Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…

Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ќе бидеме…

Под силен емотивен притисок и со порака…

Трагедија во Пакистан: Најмалку 11 луѓе загинаа…

Најмалку 11 луѓе загинаа синоќа во пожар…

Пиротехника во затворен простор е причината за…

Почетниот извештај за разорниот пожар во бар…