Позајмл 70.000 барал да му се вратат 200.000 евра: Тетовец обвинет за лихварство и изнуда
Против лице од Тетово поднесена е кривична пријава за изнуда и загрозување на сигурноста. Тој се терети дека позајмени пари барал да му се вратат во многу поголем износ, но и дека со изнуда и закани по живот сакал да му биде препишана фирмата на лицето кое од него позајмило пари.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“. Имено, во ноември 2020 година, при давање парични средства на заем, пријавениот од лице од с.Градец како гаранција одзел неколку возила во вредност од околу 70-80.000 евра.Со тек на време должничкиот износ со камати достигнал износ од околу 200.000 евра, а лицето се договорило со пријавениот долгот да се исплаќа на рати. Откако биле вратени 80.000 евра и лицето задоцнил со исплата на ратата, пријавениот во повеќе наврати со јавување и испраќање пораки упатил закани по животот на Х.В. и неговиот син, барајќи да му исплатат 750.000 евра, а се обидел да го принуди да му ја префрли неговата фабрика – објаснуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…
Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…
УЖАС: Тетовец ја претепал сопругата од која…
Ноќеска десетина минути по полноќ, полициски службеници…
Двајца браќа со пиштол и давење терале…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Жена со закани изнудила поголема сума пари…
СВР Скопје поднесен кривична пријава против М.С.(31)…
Тетовец лишен од слобода: Полицијата најде огромна…
Полициски службеници на СВР Тетово во содејство…