Објавено на:

Тетовец лишен од слобода: Полицијата најде огромна сума на парти и златни лири!

t

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со Девизниот инспекторат на Министерството за финансии, денеска (14 јули) околу 12 часот, на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, го лишиле од слобода 65-годишниот А.Ш. од тетовско Слатино.

Тој се сомничи за „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ и за „неовластено продавање или купување на готовински странски пари и платежни средства и чекови“, согласно членовите 54 и 55 од Законот  за девизно работење. Во неговото возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки и во неговиот дом, со судска наредба, извршен е претрес, при што во возилото и кај него пронајдени се: 5.815.150 денари, 28.575 евра, 1320 франци, 1000 долари и 5 златни лири. Парите, златните лири и  возилото со потврда се одземени, а А.Ш. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.    

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…

Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…

Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…

Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…

Осуден е лажен лекар од Охрид кој…

Пет и пол години затвор доби измамникот…

Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…

Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…