Познато кој е сопственик на камионот кој истураше градежен шут во Ново Лисиче
Харис Качапор е газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“, компанија за нискоградба, чиј камион беше фатен при обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче, објави Телма.
На Качапор во моментов му се суди за смртоносното прегазување на поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука. Тој е обвинет за тешки дела во сообраќајот за кое е предвидена казна од четири до 20 години затвор. Сообраќајката се случи на 3 ноември на булеварот „Гоце Делчев“, а Качапор тогаш го остави возилото, по што полицијата го уапси неколку часа подоцна.
Тој беше гонет и во предметот „Синџир“ за делата „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ и „перење пари“, а организатор на операцијата беше Љупчо Пецов Ѓаволот, тогаш во бегство. Качапор се спогоди со обвинителството и доби условна казна и требаше да врати пари во буџетот.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески спречи обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Тој објави видеоснимка на Фејсбук на која се гледа како бара инспекција и полиција, додека возачот на камионот кој го истовара шутот му дава телефонски да се слушне со газдата на фирмата. Потоа возачот на камионот бега од местото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…
Министерството за животна средина и просторно планирање…
Две куќи целосно изгореа, маж е во…
Полицијата со детали за пожарот што изби…
(Видео) Големо полициско присуство и блокиран сообраќај…
Вечерва е забележано големо присуство на полицијата,…
Жители на Аеродром контра ЕВН: 19 часа…
Делови од Аеродром се уште немаат електрична…
Левица: Муцунски да го уреди запуштениот простор…
Партијата Левица го повика градоначалникот на Општина…