Две куќи целосно изгореа, маж е во болница – Детали за пожарот кој изби ноќеска по полноќ во Лисиче

t

Полицијата со детали за пожарот што изби ноќеска во Лисиче. 

– На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С.(61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57), прецизираа од МВР.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден. 

Синоќа, Инфомкас известуваше за пожарот кој настана доцна по полноќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…