Познат американски професор: Нема смисла да продолжи офанзивата на Украина
Во случај на пробивање на првата линија на одбрана на Русија, вооружените сили на Украина ќе се соочат со контранапад, вели поранешниот аналитичар за надворешни односи на Пентагон, професор по политички науки на Технолошкиот институт во Масачусетс, Бери Позен во напис за „Форин Полиси“.
– Нема смисла да продолжи офанзивата на Украина, бидејќи дури и во случај на пробивање на првата одбранбена линија, таа ќе се соочи со контранапад од руските резерви, без поддршка од сопствената артилерија и беспилотни летала – рече Позен.
Офанзивата на Украина и довербата на западните земји во нејзиниот успех, според Позен, може да се заснова само на претпоставката дека Русија нема резерви, чија веројатност е исклучително мала.
– Меѓутоа, ако оваа претпоставка (за недостаток на резерви) е погрешна, тогаш веројатно нема многу смисла Украина да ги задржи сегашните напори, бидејќи, дури и ако навлезе длабоко во територијата што ја контролира Русија, тогаш, најверојатно ќе се соочи со тешки руски контранапади во најлоши можни околности. Нејзините сопствени сили, ослабени и расфрлани од претходните битки, веројатно нема да бидат соодветно снабдени. Во овој момент, украинските сили, исто така, може да бидат надвор од дометот на некои нивни дронови за поддршка, артилерија и проектили на кои се потпираа, рече експертот.
Според Позен, проблемот за Украина ќе биде тоа што нема да има искуство на кое да се потпре во овој случај, ниту пак потребниот број на воздухопловни сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…