Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк

t

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите.

Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 километри квадратни, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водни ресурси, културни и историски посебности од национално значење.

„Поради геополитички причини во изминатите осум децении планината Кожуф неоправдано беше изземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување. Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф од многу аспекти има вредности од меѓународно значење. Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк“, стои во соопштението.

Додаваат дека со прогласувањето на планината Кожуф за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство, туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина.

Потписниците на оваа иницијатива појаснуваат дека на почетокот на оваа година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години. Потоа студијата се доставува до Министерството за животна средина и просторно планирање, а Владата потоа доставува предлог до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи…

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко…

Протест против изградба на две мини хидроелектрани…

Десетици граѓани денеска симболично во 11:55 часот…

Добри вести до ЦУК: Пронајдени исчезнатите четири…

ЦУК во координација и содејство со локалните…

Страшен верижен судир под Кожуф, Брзата помош…

Сообраќајна незгода се случила денеска во подножјето…

(Фото) Хаос во Капиштец: Уништен 40 годишен…

Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје…