Протест против изградба на две мини хидроелектрани на Кожуф

t

Десетици граѓани денеска симболично во 11:55 часот се собраа на протест во населбата Смрдлива Вода на планината Кожуф против изградба на мини хидроелектрани во месностите „Баров дол“ и „Папради“.

Со транспаренти „Сакаат да ја убијат Кожуф Планина“, „Мини хидроелектрани нема да има“, „Запрете сѐ за, за пусти пари се запустивте“, „Кожуф е наш“, „На Дошница никој нема да гради хидроелектрани“ и слични пораки, граѓаните го изразија револтот против изградба на мини хидроелектрани на реката Дошница.

Организаторите ги истакнаа своите барања преку Декларација за спас на планината Кожуф.

„Владата на Република Македонија да донесе Одлука за стопирање на сите активности поврзани со изградбата на малите хидроелектрани ‘Папрад’ и ‘Баров дол’ на реката Дошница на планината Кожуф, рок – 30 дена. Владата на Република Македонија да донесе Одлука за отпочнување на постапка за прогласување на планината Кожуф како Национален парк – рок 90 дена. Владата на Република Македонија да донесе Одлука со која ќе го задолжи ресорното министерство за Земјоделие, шумарство и водостопанство за изработка на Проект за трансформација на подржуниците на Државното претпријатие за шуми во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија во Јавно претпријатие за управување со Националниот парк Кожуф, рок – 90 дена“, стои во барањата кои организаторите ги базираат на заклучоците на Конференцијата на Обединетите нации за Климата и склучениот Климатски пакт, чиј потписник е и земјава.

Извор: Радио МОФ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: „Власта ги одби амандманите за прогласување…

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на седницата…

Гори на Кожуф, но под контрола

На ден 04.09.2025 година, до 18:00 часот,…

Два пожари се под контрола: Гори на…

На ден 31.08/01.09.2025 година, до 07:00 часот,…

Тошковски ја искористува забраната за движење во…

Тошковски ја искористува забраната за движење во…

Пратеникот Сашко Јанчев предлага Кожуф да се…

Пратеникот Сашко Јанчев предлага Кожуф да се…