Покрената истрага против италијанската премиерка Џорџа Мелони

t

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека римското обвинителство покренало истрага против неа, бидејќи ја олеснила репатријацијата на либискиот воен водач Осама Ал Масри, кој беше обвинет за воени злосторства од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг.

Џорџа Мелони изјави дека во истрагата биле вклучени и италијанските министри за внатрешни работи и правда, Матео Пјантедоси и Карло Нордио.

Италијанската влада е изложена на критики од опозицијата, организациите за заштита на човековите права и МКС, бидејќи Ал Масри беше ослободен на формална основа, откако беше уапсен во Торино.

Џорџа Мелони изјавила дека претпоставува дека истрагата е покрената врз основа на барање на опозициски политичар, пренесува АП.

Ал Масри беше уапсен на фудбалски натпревар на 19 јануари, ден откако МКС издаде налог за негово апсење, а два дена подоцна ја напушти Италија со владин авион.

Џорџа Мелони изјави дека налогот за апсење е издаден откако Ал Масри пристигнал во Италија, додека претходните 12 дена ги поминал во три европски земји.

Според неа, меѓународната потерница не била проследена до Министерството за правда, што го налага законот, поради што апелациониот суд во Рим одлучил да не го потврди апсењето.

Во тој момент Ал Масри беше слободен на територијата на Италија. Наместо да го ослободиме, решивме веднаш да го избркаме од безбедносни причини, што се прави во слични случаи, изјави Џорџа Мелони.

Според обвинението на МКС, Ал Масри е одговорен за убиства, тортура, силување и сексуални злосторства во либискиот затвор Митига од 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони: Русија лесно може да го врати…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека…

Мелони: Белград и Приштина да преземат чекори…

„Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори…

Мелони: не треба да се дозволи конфликтот…

Имам впечаток дека тоа беше вистинската цел…

Мелони го критикува Шолц за миграцијата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони испрати писмо до…